Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак во Струмица

Прегазен пешак во Струмица

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, вчера, по удар од автомобил во Струмица.

Несреќата се случи на улицата Климент Охридски.

„Патничко возило „мерцедес“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Хрватска запре нова пратка пиперки, означена со „сериозен ризик“

Платформата 12:05: Оставка на Филипче, вонреден Конгрес и внатрепартиски избори

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија