Утрински Весник
Македонија

Прегазена 48-годишна жена во Гостивар

Прегазена 48-годишна жена во Гостивар

48-годишна жена од Гостивар била тешко повредена по удар од автомобил, соопшти полицијата.

Вчера, во 17.15 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата Илинденска во Гостивар, патничко возило „рено“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А. Н. (55) од с. Равен, Гостиварско, удрило во пешакот Б. Б. (48) од Гостивар.

Во несреќата тешки телесни повреди добила Б. Б., констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!

Правел кулен, сланина и чварки без дозвола, па ги продавал преку Фејсбук – АХВ му ја открила работилницата

Претреси во приватна болница и ФЗО, неофицијално меѓу осомничените и Ден Дончев