Утрински Весник
Македонија

Прв црвен дрворед во Скопје

Прв црвен дрворед во Скопје

Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.

„Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови правила за боледување: Помалку испитувања и електронско упатување до комисија

ВЛЕН: Конкретни резултати за Албанците во МВР, 428 унапредувања и над 150 вработувања

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот