Утрински Весник
Свет

Прво интервју на Трамп по изборите

Прво интервју на Трамп по изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп го даде своето прво телевизиско интервју по изборите од 3 ноември за „Фокс бизнис њуз“, во кое ги повтори обвинувањата за изборни измами. Во 45-минутното телефонско интервју, тој вината за тоа што не се преземаат мерки за откривање на „изборната измама“ ја префрли на судиите за кои рече дека не сакаат да се мешаат.

Трамп изрази сомнеж дека Врховниот суд ќе ги разгледа жалбите за секој случај поднесен од неговиот тим, додавајќи дека мора да се дејствува многу брзо. Досега речиси сите тужби поднесени од кампањата на Трамп беа одбиени во судовите поради недостаток на докази. Но, тој и овој пат повтори дека ќе продолжи да се бори.

Од минатата недела започна процесот на пренос на власта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот

Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија