Утрински Весник
Автомобили

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

Холандската компанија PAL-V, која работи на изработка и развивање на модели на летачки автомобили, објави дека нејзиниот прв комерцијален модел наречен Liberty (Слобода) ги поминал тестовите за патишта и добил овластување за користење на патиштата во Европа. Со ова, PAL-V Liberty е првиот летачки автомобил кој има право да излезе на европските улици со свои регистерски таблички.

За да го постигне ова, возилото помина низ низа обемни и строги тестови, кои вклучувале тестови за брзо возење и за кочење, како и за емисиите што ги испушта и нивото на бучава што ја предизвикува.

„Со години соработуваме со патните власти за да ја достигнеме оваа пресвртница. Трикот за успешна изработка на летачки автомобил е да се осигурате дека дизајнот е во согласност со регулативите кои важат и за воздух и за патишта“, изјавил Мајк Стекеленбург, главниот директор на технологија во холандската компанија PAL-V.

PAL-V Liberty изгледа како модерен автомобил на три тркала, на чиј кров се поставени ротори што можат да се собираат и кои му овозможуваат на возилото да лета. И покрај тоа што летачкиот автомобил стана легален за возење на патиштата, тој сепак нема дозвола да полетува од било која улица или пат. Поради безбедносни причини, PAL-V Liberty има дозвола за полетување само oд писта.

PAL-V Liberty со отворени ротори / фото: Јутјуб видео

Автомобилот може да прими најмногу двајца патници. Кога се вози по улиците, летечкиот автомобил може да постигне максимална прзина од 150 километри на час. Во режим на летање, PAL-V Liberty може да постигне максимална брзина од 180 километри на час и во воздух може да остане до 500 километри.

Автомобилот веќе пет години поминува низ процес за авијациска сертификација со Европската агенција за безбедност на воздухопловството. Финализирањето на сертификацијата се очекува да се случи во 2022 година, по што е предвидено да започне и испораката на првиот комерцијален летачки автомобил.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin