Утрински Весник
Свет

Првата дама на САД ненајавено пристигна во Украина, се сретна со сопругата на Зеленски

Првата дама на САД, Џил Бајден, ненајавено отпатува во Ужгород во Украина, мало гратче во крајниот југозападен агол на Украина.

Во обновеното училиште кое сега служи како привремено сместување за раселените граѓани, Бајден се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленски, која не е видена во јавноста од почетокот на војната на 24 февруари.

„Мислев дека е важно да му покажам на украинскиот народ дека оваа војна мора да заврши и дека оваа војна е брутална. Соединетите држави стојат покрај народот на Украина“, рече Бајден.

Можете да прочитате

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си