Утрински Весник
Македонија

По скринингот за КОВИД-19, негативни сите тестови на вработените во делчевската детска градинка

По скринингот за КОВИД-19, негативни сите тестови на вработените во делчевската детска градинка

Делчево, 15 јуни 2020 (МИА) – Во детската градинка „Весели Цветови” нема ниту еден позитивен случај на КОВИД-19, по извршениот скрининг на вработените од страна на Центарот за јавно здравје. Од градинката информираат дека во рамки на скринингот беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката.
-Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови” Делчево во рамките на скринингот на вработените во градинките имаше 58 тестови за КОВИД-19 и на наше задоволство можеме да кажеме дека сите 58 теста на вработените се негативни. Конкретно во нашата установа скринингот беше извршен врз воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал без притоа да има позитивен случај, истакнаа од ОЈУДГ „Весели Цветови”.
Скринингот, како што додадоа, се правеше со ПСР-тестови и имаше за цел да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.
Во насока на заштита на персоналот и децата во градинката во изминатиов период извршена е комплетна нејзина дезинфекција, а заштитата од заразата, како што додадоа, ќе продолжи со тековно преземање мерки согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ

Пензионер од Штип физички нападнал дете