Утрински Весник
Македонија

По повод „Денот на Европа“ свечен концерт на Дино Имери во Битола

Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај „ Денот на Европа“ го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.

Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“ по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.

На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.

Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.

Можете да прочитате

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит

Пожар во куќа во Волково

Малолетен син ги нападнал мајката и таткото во домот во Гази Баба