Утрински Весник
Свет

Крељ: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Кремљ во неколку наврати нагласи дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина, а сега тоа го изјави и Алексеј Заитсев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Тој денеска рече дека руско користење  нуклеарно оружје, ризик на кој западни официјални лица предупредија неколку пати, „не е применливо во специјалната воена операција”.

Повеќе западни официјални лица, како и аналитичари, предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин, поради неуспехот да го скрши жестокиот отпор на Украинците, би можел да премине на некој вид нуклеарно оружје.

Минатиот месец директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс истакна оти, со оглед на загубите што ги претрпе Русија во Украина, „никој не смее лесно да ја игнорира заканата од можна употреба на тактичко нуклеарно оружје”.

Можете да прочитате

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година