Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај, Денот на Европа, го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.
Овој настан е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир Bösendorfer по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.
На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.
Резервации и влезници во билетарницата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страница на центарот.
Текстот По повод Денот на Европа, свечен концерт на Дино Имери во Битола е превземен од МАКФАКС.