Утрински Весник
Свет

По операцијата, Болсонаро излезе од болница

По операцијата, Болсонаро излезе од болница

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница откако во петокот се оперираше поради камен во мочниот меур.

Операцијата, според лекарите, била едноставна процедура.

„Ројтерс“ потсетува дека Болсонаро беше прободен со нож за време на кампањата во 2018 година, по што имал четири операции.

Сегашната интервенција, се додава, нема никаква врска со тој напад.

Покрај ова Болсонаро летово водеше битка и со Ковид-19, а кон крајот на опоравувањето неколку направени тестови и натму полажуваа дека е позитивен на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата

Објавено е колку авиони изгубија САД во војната со Иран