Утрински Весник
Спорт

По две крварења на носот, Куман ја прекина прес-конференцијата

По две крварења на носот, Куман ја прекина прес-конференцијата
300x250 (7)

Тренерот на Барселона, Роналд Куман признава дека неговата иднина на клупата на каталонскиот гигант е неизвесна, објаснувајќи дека секогаш има притисок кога си тренер на така голем клуб.

Холандската легенда на Барселона е врати во својот стар клуб минатото лето во обид да донесе стабилност во тимот по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во ЛШ минатата година и отказот за Кике Сетиен.

300x250 (7)

Меѓутоа, Барса не блеска оваа сезона – тие се трети во Ла лига зад Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а во првиот меч од осминафиналето на ЛШ загубија дома од Пари Сен-Жермен со 1:4.

„Знам дека има многу притисок кога си тренер на Барса. Ако не победуваш, тогаш вината е кај тренерот. Не знам што ќе се случи во иднина, но има време да се размислува за тоа“, изјави Куман, пред да ја прекине прес-конференцијата поради крварење од носот, последица на лекарствата кои ги зема за срцевите проблеми.

Куман имаше срцев напад во мај 2020 година, но бргу се опорави и продолжи да биде селектор на Холандија додека не го повикаа од Барса.

Човекот кој помина шест одлични сезони како фудбалер во Каталонија досега ги предводеше Барса во 37 меча, од кои победи во 23, но имаше и 8 порази. Покрај резултатите, за неизвесноста влијаат и претседателските избори во клубот, откако еден кандидат, Виктор Фонт постојано тврди дека ќе го смени Куман со Чави.

> По две крварења на носот, Куман ја прекина прес-конференцијата <



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!