Утрински Весник
Македонија

По дванаесет дена, во Гостивар нов случај на инфициран од КОВИД-19

По дванаесет дена, во Гостивар нов случај на инфициран од КОВИД-19

Гостивар, 26 април 2020 (МИА) – Нов случај на позитивен на КОВИД-19 е регистриран во гостиварската општина со што вкупниот број сега е шест.

Утрово во информацијата испратена до градоначалникот на општината од здравствените власти наведено е дека жител на Горна Бањица имал позитивен тест на коронавирусот, но уште е соопштено во каква здравствена состојба се наоѓа новоинфицираниот. Досега во гостиварскиот Центар за јавно здравје се направени 203 тестови.

Последниот случај во гостиварската општина беше регистриран на 14 април, кога кај повозрасен жител на селото Чајле беше откриено присуство на вирусот. Тој по еднодневното задржување во инфективнито одделение во гостиварската болница, беше испратен на домашно лекување.

Во статистиката на случаи во Гостивар има едно лцие кое на прв тест било позитивно, но на повтореното имал негативен резултат и едено лице кое закрепнало.

Во соседната општина Врапчиште регистрирани се четири случаи, а едно лице од селото Градец почина од последиците. згм/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса