Утрински Весник
Македонија

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.

dobivaj vesti na viber

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување.

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово