Утрински Весник
Македонија

Грковска- Бојаниќ: Со УНДП имаме бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работна средба со Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за помошта и поддршката што УНДП во континуитет ѝ ја дава на Северна Македонија.

Нагласи дека од големо значење се советите и препораките на експертите и нивните искуства во делот на дигитализација на јавните услуги, но и во креирањето политики кои ќе понудат долгорочни и одржливи системски решенија.

Бојаниќ изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“