Утрински Весник
Македонија

Почина овчарот кој пет часа на раце беше носен до болница

Почина овчарот кој пет часа на раце беше носен до болница

Овчарот кој беше најден премрзнат во кратовско починал утрово во штипската болница како последица на компликации од крварење во мозокот.

Јавноста за овој случај дозна од реакцијата на докторот Павле Зафиров кој револтиран од институциите, ја раскажа голготата низ која поминале со овој пациент.

Откако возилото на брзата помош не можело да се пробие низ стрмниот терен, четворица на раце околу пет часа го носеле пациентот низ козји патеки до Штипската болница.

Како што напиша докторот Зафиров, инстутуциите до кои се обратиле за помош да испратат возило, не им одговориле на повикот.

Од Центарот за управување со кризи, вчера изјавија дека од нив не бил побаран хеликоптер и затоа не помогнале.

Можете да прочитате

Хрватска запре нова пратка пиперки, означена со „сериозен ризик“

Платформата 12:05: Оставка на Филипче, вонреден Конгрес и внатрепартиски избори

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија