Утрински Весник
Спорт

Почетино смета дека е време да предводи тим кој ќе освојува титули

Почетино: Јас не ги носам одлуките за трансферите во Тотенхем

Лондон, 1 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино признава дека е време тој и неговиот штаб да преземат тим, со кој ќе можат да ја освојат титулата.

Аргентинецот ги освои сребрените медали со Тотенхем во Премиер лигата, а минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, но никогаш не успеа да освои трофеј со „спарси“.

– Ќе дојде време кога ќе мора да ја освоиме титулата. Општеството ги препознава само оние што ја кренале. Мора да се обидеме да го сториме тоа. Но и ние кренавме наши „трофеи“. Кога оставате добар впечаток на оние со кои сте работеле, им помагате на луѓето да напредуваат или тие се чувствуваат горди што сте работеле со нив, ова се исто така „трофеи“ што треба да се слават, рече Почетино.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал