Утрински Весник
Македонија

Избрани најдобрите ликовни творби на виртуелниот конкурс на општина Дебар

Избрани најдобрите ликовни творби на виртуелниот конкурс на општина Дебар
Img 5587

Дебар,1 јуни 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на детето, 1 јуни, општина Дебар организираше виртуелен ликовен конкурс на тема „Делови од животот“, на кој право за учество имаа учениците од сите општински училишта.

– Имајќи ја предвид состојбата со пандемијата со Ковид-19 и кризната и вонредна состојба во нашиот град и држава, а со цел да се врати надежта и да се поттикне креативноста го организиравме овој ликовен
конкурс. Учениците своите трудови можеа да ги изработуваат во техника по нивна желба, велат од општината.

Img 5587

На конкурсот пристигнале 55 ликовни творби, во кои преовладува актуелната состојба со пандемијата со
коронавирусот, а жирито составено од професори по ликовна уметност, ги избрало најдобрите три.

Првата награда е доделена на Амира Сеља за ликовната творба под наслов „Лекарите и сестрите ангели на спасот“, на која ќе и припадне наградата во износ од три илјади денари. Втората награда во износ од две илјади денари и е доделена на Рона Амбари за „Светот процвета“ и третата награда во износ од илјада денари и припадна на Реа Нуредини за „Внатре и надвор“.

Младите ликовни уметници ќе бидат примени од градоначалникот Хекуран Дука кој ќе им ги врачи наградите. вт/мс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово