Утрински Весник
Свет

Постои можност дека новиот вид коронавирус пристигнал во Косово

Постои можност дека новиот вид коронавирус пристигнал во Косово

Триесет примероци на вирусот Ковид-19 од Косово пристигнаа денес во Берлин, а резултатите од лабораторискиот тест се очекуваат за две недели. Тестовите ќе покажат дали содржат нов вид коронавирус.

Косовските инфектолози се сомневаат дека новиот вид коронавирус пристигнал на територијата на Косово, пренесува Газета експрес.

Специјалистот за инфективни болести Хамди Рамадани изјави дека Светската здравствена организација објави дека новиот вид се проширил во 60 земји и дека поминала скоро една година од првиот случај на корона на Косово, па не е исклучено да се појави мутирана форма на вирусот.

Според него, оваа нова форма на мутација може да биде иста како онаа во Британија, но може да биде и друга форма на вирус.

Директорот на Одделот за микробиологија, Џеват Јакупи, рече дека во Косово нема лабораториски услови за откривање на нов вид коронавирус, затоа повеќе примероци ќе бидат испратени во Берлин следниот месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Училиштата и продавниците се затворени во Тајван поради тајфунот Чампи

Прв случај во светот: Пациент во Франција почина по зараза со добиточниот вирус Шамонда

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ