Утрински Весник
Свет

Постигнат договор за примирје во Нагорно-Карабах

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Ss2

Претставниците на Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за хуманитарно примирје, пренесуваат светските агенции.

Примирјето ќе стапи на сила од полноќ на 18. октомври, пренесува руската агенција „РИА Новости“.

Ова го изјавил портпаролот на претседателот на Нагорно-Карабах, Ваграм Погосијан.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со неговите ерменски и азербејџански колеги Зохраб Мнацаканијан и Јехун Бајрамов за развојот на ситуацијата во Нагорно-Карабах.

Разговорите се фокусираа на потребата за итно почитување на договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, објави руското Министерство за надворешни работи.

Министрите ја потврдиле важноста на договорот постигнат во Москва за почеток на суштински преговори со цел што побрзо да се пронајде мировно решение, засновано врз принципите на Минската група на ОБСЕ (во која медијатори се Русија, САД и Франција), пренесува агенцијата „Тасс“.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Кремљ: Неосновани се обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“

Демонстрантите го блокираа автопатот во Тел Авив: Бараат од Нетанјаху итен договор за ослободување на заложниците од Газа