Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Охрид поради „Преспа форум дијалог 2022“

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денес до 18 јуни, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сè по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.

Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и другитемагистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа