Утрински Весник
Спорт

Португалија ја прегази Хрватска, Франција победи во Шведска, Белгија рутински со Данска

Португалија ја прегази Хрватска, Франција победи во Шведска, Белгија рутински со Данска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белгија и Франција победија како гости, а Португалија ја декласира Хрватска во првото коло во Лигата на нации, во Групите 2 и 3.

Во Групата 3, Португалија и без Кристијано Роналдо лесно се справи со Хрватска во чии редови ги немаше Лука Модриќ и Иван Ракитиќ. Хрватите од целосен дебакл ги спаси одличниот голман Ливаковиќ, кој до првиот гол одбрани неколку тешки удари, а два пати дирекот беше негов сојузник.

Резултатот го отвори Жоао Кансело со прекрасен гол во 41 минута. На 2:0 зголеми Диого Жота во 58, а катастрифата на Хрватска ја најави Жоао Феликс со голот во 70 минута.

Во 91 минта почесниот гол за Хрватска го постигна Петковиќ, а точка на мечот и победата на Португалија 4:1 стави Андре Силва во 95 минута.



Во истата оваа група Франција победи во Шведска со голот на Мбапе во 41 минута. На истекот на натпреварот Франција доби пенал, меѓутоа ударот на Гризман заврши на трибините.

Во Групата 2 Белгија без проблеми го мина гостувањето во Данска. Белгијците без Еден Азар и Тибо Куртоа победија со 2:0 со головите на Денаер и Мертенс.

> Португалија ја прегази Хрватска, Франција победи во Шведска, Белгија рутински со Данска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини