Утрински Весник
Македонија

Метеоролозите најавуваат сончеви денови со посвежи утра

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинителен предлог против екс директорот на СОЗР

Левица: СДСМ поради таен договор со Мицкоски не дозволи опозициско обединување за една изборна единица

Зајкова: Предлогот за електронско гласање за дијаспората, но не и за граѓаните тука, е политичка шизофренија