Утрински Весник
Македонија

Порталб: Курсевите за дополнително знаење се многу ефикасни, но цените не се прилагодени на стандардот

Македонско истражувачко новинарство: На работ на квалитетот и опстанокот

Порталб.мк спроведе анкета со млади во врска со курсевите што се нудат, за стекнување на дополнително знаење. Според одговорите на младите, во оваа анкета, понудените курсеви се многу ефикасни за нив, но цените кои претежно се движеа од 1.200 и 1.400 денари не се многу прифатливи со оглед на стандардот.

Курсевите за германски и англиски јазик како и за математика се курсевите со најголем број на посетители.

Во анкетата учествуваа 101 млади испитаници и повеќето од нив следеле некој курс, претежно англиски, германски и математика. Додека, причините поради кои ги следеле тие курсеви се дека имале потреба од дополнителни часови. Во однос на ефектот, тие се задоволни, бидејќи курсевите биле многу ефикасни.

Порталб.мк разговараше со неколку родители минатата недела за курсевите, нивните цени и ефектите. И, според нив, курсевите се ефективни, а нивните деца постигнале успеси, но дека цените се превисоки и од финансиски аспект тешки за покривање.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ахмети во Брвеница: Македонија не им припаѓа ниту на Христијан ниту на Црвенковски, туку на домородните Албанци

Денес на Комисија Предлог-законот на Левица за државата да преземе дел од станбениот долг на семејствата

Брвеница, Алта банка и предвремени избори: Дали Македонија влегува во нова политичка неизвесност?