Утрински Весник
Спорт

Понуда за Пјаниќ и од Челси

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Лондон, 16 јуни 2020 (МИА) – Челси направи понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Се чини дека Бошњакот ќе ги напушти „бјанконерите“, бидејќи сака да игра во Барселона.

Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има предлог и од Пари Сен Жермен.

Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо и се подготвени за размена.

Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

Гвардиола му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата во Премиер лигата

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот