Утрински Весник
Македонија

Димковски во Карбинци и Василево: Бербата на вишни во полн ек, соработката со откупувачите клучна за успешен пласман

Димковски во Карбинци и Василево: Бербата на вишни во полн ек, соработката со откупувачите клучна за успешен пласман

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Градењето партнерски однос е особено важно за стабилен пласман на производството, порачаа од денешната средба во Василево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, производителите на вишни и откупувачите.

Димковски кој ги посети општините Карбинци и Василево, оствари средби и со градоначалниците Јордан Насев и Марјан Јанев.

-Во моментов, бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор меѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите, истакна министерот, кој заедно со Насев беше и во компанијата „Фруктана” што откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук.

Се разговараше за плановите на компанијата за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции преку мерките од ИПАРД 2 програмата.

Димковски со градоначалникот Јанев на средбата со дел од откупувачите и преработувачите на вишни, како и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево, ги слушнааа предлозите на земјоделците за начинот на годинашниот откуп и за откупната цена.

За непречен откуп на вишни, МЗШВ, рече Димковски, ќе организира заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

Министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30 отсто на 50 проценти. Димковски ги информираше земјоделците и за обезбедената поддршка од 10.000 евра за стартап семејни бизниси и за други мерки од доменот на работењето на МЗШВ. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание