Утрински Весник
Свет

Помпео на првиот официјален лет меѓу Израел и Судан

Помпео на првиот официјален лет меѓу Израел и Судан

Првиот официјален директен лет меѓу Израел и Судан, кои немаат дипломатски односи, го изведе авионот што го носеше американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој одлета за Картум од Тел Авив пренесува „Анадолија“.

„Задоволство ми е да ви соопштиме дека сме на ПРВИОТ официјален НОНСТОП лет од Израел кон Судан!“ напиша Помпео Твитер.

Според „Њујорк Тајмс“, до директен лет помеѓу аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и Картум дошло откако авионот на Помпео добил специјална дозвола.

Во изјавата, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, рече дека Помпео ќе разговара со суданскиот премиер Абдула Хамдок и со претседателот на Преодниот воен совет Абдел-Фатах ал-Бурхан за продолжување со поддршката на САД за транзициската влада предводена од цивили и зајакнување на односите меѓу Судан и Израел .

Според официјалната суданска новинска агенција СУНА, на агендата на Помпео за време на посетата ќе биде нормализацијата на односите меѓу Судан и Израел. Судан нема дипломатски односи со Израел.

Минатиот март Судан дозволи израелските авиони да летаат над неговиот воздушен простор, но не дозволија авионите што доаѓаат од Израел да слетаат на негова територија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење