Утрински Весник
Свет

СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран

Szo.webp.webp

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз јавното здравје се причина за голема загриженост, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Оштетувањето на нафтените постројки во Иран носи ризик од контаминација на храната, водата и воздухот – опасности кои можат да имаат тешки здравствени влијанија, особено кај децата, постарите лица и луѓето со претходни медицински состојби, објави Тедрос на X.


– Пријавено е дека во делови од земјата паѓа дожд натопен со нафта – додаде тој. пренесе ДПА.

Осврнувајќи се на Либан, тој рече дека девет здравствени работници се убиени, а 16 се повредени од 28 февруари, кога почнаа нападите на САД и Израел врз Иран. Покрај тоа, 43 центри за примарна здравствена заштита и пет болници се затворени поради наредби за евакуација, рече тој.

– Ги повикувам сите страни на деескалација и спречување на натамошни ризици по здравјето на луѓето, влијанија врз здравствените установи и работници, како и натамошно проширување на конфликтот низ регионот. Мирот секогаш е најдобриот лек – заклучи шефот на СЗО.

Можете да прочитате

Украина во март соборила над 33.000 дронови, што е месечен рекорд од почетокот на војната

Американскиот Сенат блокира обид на демократите да го спречат Трамп да преземе воена акција против Куба без одобрение од Конгресот

Кој воопшто ги донесува одлуките во Иран?