Утрински Весник
Свет

Германскиот министер за надворешни работи повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција

Германскиот министер за надворешни работи повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција за Источниот Медитеран, пренесува „Екатимерини“.

„Прозорците за дијалог меѓу Грција и Турција сега мора дополнително да се отвораат, а не да се затвораат. Наместо нови провокации, конечно ни се потребни чекори кон ублажување на тензиите и да иницираме директни дискусии“, рече Маас пред средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со својот колега, Никос Дендијас, Атина.

Мас денеска, пред неговата посета на Атина и Анкара, потсети дека Турција и Грција се сојузници на Германија во НАТО. Планираната посета е обид да ја олесни напнатоста меѓу двата соседи и сојузници во НАТО, која достигна опасно нив последните недели околу правата за потрага по енергетски ресурси во Источниот Медитеран.

Истакнувајќи дека споровите во врска со природниот гас во Источниот Медитеран треба да се решат на меѓународна правна основа и со чесен дијалог, Мас нагласи:

„Тензиите не влијаат само на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција. Ескалирањето на тензиите ќе им штети на сите страни“.

Наведувајќи дека Германија го поддржува процесот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, Мас рече дека неделава во Берлин ќе се разговара за односите со Турција со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Ќе расте цената на лукот

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили