Утрински Весник
Свет

Полска нуди вакцинација на деца на возраст од 12 до 15 години

Единствен начин да се отворат училиштата: Германија наскоро ќе ги вакцинира учениците

Од 7 јуни Полска ќе понуди вакцинација против Kовид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години, изјави денеска министерот задолжен за програмата за вакцинација, Михал Дворчик.

Тој рече дека одлуката е донесена откако Европската агенција за лекови одобри дека може да се вакцинираат и деца, пренесува „Ројтерс“.

Министерот за здравство Адам Ниџиелски рече дека Полска на тој начин се приклучува на програмата на ЕУ, со цел да се олесни патувањето.

Во петокот, Европската комисија одобри вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ да се користи за деца од 12-годишна возраст.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат