Утрински Весник
Свет

Полицијата во Џакарта ги растера демонстрантите со солзавец

Полицијата во Џакарта ги растера демонстрантите со солзавец

Индонезиската полиција испука солзавец во обид да ги растера демонстрантите во центарот на Џакарта.

Тие протестираат против новиот контроверзен закон за работни односи, изјави очевидец за „Ројтерс“.

Демонстрантите бараат укинување на законот осмислен за привлекување инвеститори и намалување на бирократијата, тврдејќи дека ги загрозува правата на работниците и го фаворизира големиот бизнис.

Протестите, кои влегоа во втората недела, се одржуваат на повеќе локации. Во протестите минатата недела учествуваa илјадници Индонезијци, од кои некои запалиja гуми и фрлаa камења кон полицијата, што доведе до апсење на неколку илјади луѓе, наведува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа