Утрински Весник
Свет

Полицијата во Мексико цел ден собирала мртви тела, наоѓајќи само глави или нозе на жени

Обезглавени и јагленосани трупови се пронајдени во Мексико по последниот судир на нарко картелот во кој загинаа 15 луѓе.

Убиствата се случиле во неколку делови на Тихуана, а во јуни во овој мексикански град биле забележани 175 насилни смртни случаи.

Властите соопштија дека во раните утрински часови во неделата на 26 јуни, пред станбен комплекс биле пронајдени две човечки глави, маж и жена. До главите е пронајдена страшна порака: „Ова е за сите к**** кои ја поддржуваат чумата во Плајас“.

Потоа, во населбата Грањас Буенос Аирес, беше пријавено неидентификувано, полузакопано машко тело, во фаза на распаѓање.

Човечки останки, вклучувајќи женска глава, торзо и други делови од телото биле пронајдени во торба, додека во две пластични кутии оставени пред училиште имало тело на маж на возраст меѓу 65 и 70 години и две женски нозе.

Нешто подоцна било пронајдено и безживотно тело, во таква состојба што полицијата не можела ни да го утврди полот. Телото било пронајдено во напуштено возило. Потоа стигнала дојава дека на влезот на една фабрика за врати е пронајдено јагленосано тело, а тело на жена и обезглавено тело на маж биле пронајдени во школа за јавање.

Убиствата продолжија и во понеделникот, кога Хорхе Алберто Сонора Караза беше убиен околу 8 часот наутро на сред улица. Потоа стигна дојава дека е пронајдено уште едно тело.

Од почетокот на годината во овој дел на Мексико се регистрирани дури 1.241 случај на насилна смрт.

Можете да прочитате

Туск: Почна нова ера на војни во Европа

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница