Утрински Весник
Македонија

Полициско возило удрило во пешак во Велес

Полициско возило удрило во пешак во Велес

75-годишен велешанец бил тешко повреден по удар од патничко возило сопственост на МВР а управувано од полициски службеник од Велес.

Според полицијата, вчера во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Лишено од слобода едно лице поради незаконит лов со оружје за ноќно ловење

Расчистено кривично дело „тешка кражба“ извршено во Здравствена установа во Виница

Пијан истурил две шишиња бензин и се заканувал дека ќе ги запали своите ќерка и внука