Утрински Весник
Македонија

Пожар во училиште во Скопје

Пожар во училиште во Скопје

Училница и дел од ходник во училиште во скопско биле опожарени информира полицијата.

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во училиште на ул.„Ферид Бајрам“ настанал пожар, при што била опожарена една училница и дел од ходникот.

Во тој дел од училиштето во моментот немало ученици, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Од затвор итно во болница: Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден