Утрински Весник
Македонија

Повредени мотоциклисти во Тетово и Куманово

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 19.25 часот било пријавено дека на бул.„Трета Македонска ударна бригада“, во близина на „Митев мост“, Ј.С.(24) од с. Младо Нагоричане управувајќи мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од полицијата велат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н. Ѓ.(24) од Куманово, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Неколку часа подоцна, во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.И.(46) од Тетово и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(28) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Можете да прочитате

Миноски: Без просветителство, народот станува лесен плен на манипулатори

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово