Утрински Весник
Македонија

Побаран притвор заради трговија со дрога

Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43 – годишен скопјанец, поради неовластено производство и продажба на дрога.

„ Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17.15 часот, во патничко возило „Шкода Фабиа“ кое тој го управувал кај ул. Јадранска Магистрала, односно на паркинг просторот позади ресторан „Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи“ наведе обвинителството.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, по донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?