Утрински Весник
Македонија

Побарани парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани

Побарани парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани

Струшкото обвинителство однесе предлог за издавање казнен налог за три лица палењето на бугарското знаме во Вевчани.

„Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага