Утрински Весник
Македонија

Платформата за родова еднаквост: Партиите да обезбедат родов баланс на изборните листи

Платформата за родова еднаквост: Партиите да обезбедат родов баланс на изборните листи

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за локалните избори да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи.

„Во моментов имаме само шест градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно повторување на традицијата која ги прави жените невидливи во изборите. Жените само декларативно имаат право да бидат избрани и да изберат да бидат претставени. Да потсетиме, на локалните избори во 2013 беа избрани само четири градоначалнички наспроти 76 мажи градоначалници, а во 1996 и 2009 немаше ниту една градоначалничка“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Од таму истакнуваат дека значајно и релевантно политичко учество значи минимум застапеност од 40% на жените и мажите во политичкиот и јавниот живот.

„Како предлагачи на изборните листи, политичките партии се и чувари на портите што го олеснуваат влезот и успехот на поединците во политиката. Потсетуваме дека нема недостаток од квалификувани и искусни жени кои би можеле да преземат политички функции, туку општествени и структурни бариери за нивно вклучување; затоа тие мора да се повидливи и охрабрени да се вклучат во политичката трка“, се наведува во соопштеинието.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Јовановски осуден на 12 години затвор по самоубиството на Ивана

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција