Утрински Весник
Магазин

Пирс Броснан и Кили Шеј Смит на дневно возење велосипед во Малибу

Пирс Броснан и Кили Шеј Смит на дневно возење велосипед во Малибу

Пирс Броснан и сопругата Кили Шеј Смит уживаа во возење велосипед во Малибу, Калифорнија, во студената зимска недела.

На прошетката низ луксузната локација, Броснан (68) на себе има темносино палто преку темен топ и црни панталони, црни чевли и очила за сонце.

Пирс и Кили, родители на два сина, Дилан (24) и Парис (20), на почетокот на оваа година ја прославија 20-годишнината од бракот.

Пирс и Кили разменија завети во неговата родна Ирска во август 2001 година, а изминатово лето тој се огласи на Инстаграм со емотивна порака во која ѝ искажа почит на сопругата со која живее две децении.

„Среќна годишнина драга моја Кили, мојата љубов засекогаш расте со тебе…“ напиша актерот, додавајќи емотикони од детелина и срце.

Тој никогаш не штедел зборови да ја искаже својата љубов кон сопругата.

Маж и жена од 2001 година и сè уште се сакаат како првиот ден, коментираат медиуите. Пирс и Кели никогаш не пропуштаат прилика да разменат нежности по секоја година од животот како пар. Години во кои тие физички се променија, сега веќе подостарени и малку здебелени, но сепак убави еден на друг.

Заедно докажуваат дека телото е привремено, но љубовта е засекогаш.

Можете да прочитате

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште