Утрински Весник
Економија

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, изјави на денешната прес-конференција во Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.

Се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.

Денес, бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби, но исто така ова зголемување дополнително ги оптеретува и граѓаните“, посочи претставникот на опозициската партија.

Според Петрушевски, со законот за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година