Утрински Весник
Економија

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, изјави на денешната прес-конференција во Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.

Се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.

Денес, бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби, но исто така ова зголемување дополнително ги оптеретува и граѓаните“, посочи претставникот на опозициската партија.

Според Петрушевски, со законот за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните.

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања