Утрински Весник
Македонија

Петровска: Решени сме да го спречиме нелегалното градење и бетонизација на ридот на Калето

Петровска: Решени сме да го спречиме нелегалното градење и бетонизација на ридот на Калето

Ридот на скопското Кале на кој се истакнува моќната фортификација и Музејот на современа уметност и од каде широкиот поглед паѓа на нашето Скопје, да го претвориме во културен предел, да го искористиме потенцијалот на овој драгоцен простор, е нагласено во соопштението од тимот на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Ана Петровска.

„Со Генералниот урбанистички план овој простор со исклучителни археолошки, културни и пределски вредности е наменет за зеленило. Меѓутоа, не е изработен Елаборат за валоризација на археолошкото наследство и затоа не е донесен Детален урбанистички план. Тој плански вакуум не е пречка за некои инвеститори помеѓу Калето и Музејот на современа уметност, нелегално да изградат хотел. Има изградба и на други објекти на местото на стари куќи. Градењето може да земе замав, ако не се истражат околностите под кои е овозможено да се гради на ова заштитено земјиште. Постои наградено конкурсно архитектонско-урбанистичко решение што не се реализира без донесување на Деталниот план“, вели Петровска.

„Заедно со Зелен хуман град се бориме да го заштитиме Калето од нелегална градба и уништување на зеленилото. Тоа мора да остане како дел од континуираниот зелен коридор покрај реката Вардар. Да му го вратиме Калето на Скопје и скопјани“, потенцира Петровска.

Можете да прочитате

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни