Утрински Весник
Македонија

Петровска: Напуштената фабрика за бакар Купрум да се трансформира во младински центар

Петровска: Напуштената фабрика за бакар Купрум да се трансформира во младински центар
Ss2

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска, заедно со Хајди Секвенц, советничката во Виена од Австриските Зелени, беа на изложба на мурали во Купрум, напуштена фабрика за бакар. Петровска испрати порака дека напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови.

„Во сегашноста, објектите на историското еколошко жариште – фабриката за производство на бакар Купрум во населбата Хром пропаѓаат, бидејќи не се решени имотно-правните односи. Земјиштето и објектите се делумно во државна, делумно во привата сопственост, а еден дел влегуваат во стечајната маса на поранешната фабрика. Овој простор како да ги повикува младите и уметниците да создаваат зелени иновации и уметност“, се наведува во соопштението.

Ss1

Како што се наведува, шетајќи покрај прекрасните мурали насликани на ѕидовите, Хајди Секвенц одушевено коментирала: „Овој простор има специфичен карактер, објектите не смее да се срушат и на нивно место да се градат станбени згради.“

„Градот Скопје и општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар. Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани. Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови. Само така Скопје ќе биде зелен и хуман град“, порача Петровска.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)