Утрински Весник
Македонија

Петровска и Смилевски ја посетија Полициската станица во Бутел

Петровска и Смилевски ја посетија Полициската станица во Бутел

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Дополнителната заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ја посетија Полициската станица во Бутел.

– При посетата, Петровска и Смилевски, остварија средба со командниот кадар на полициската станица, при што доделија мали подароци за полициските службеници како благодарност за нивната секојдневна жртва и посветеност за безбедноста и заштита на здравјето на граѓаните, соопштија од Општина Бутел.

Од Општината упатија апел до граѓаните да ја почитуваат одлуката на денешната владина седница, за рестрикција на движење на граѓаните за време на престојниот празничен викенд, со што ќе се олесни работата на полициските службеници кои ќе бидат на своето работно место. см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Промоција на „Исповед за акварелот“ – три децении акварелно творештво на Снежана Илиева

Жена нелегално наплаќа влез на локалитетот „Куклите“ тврди жител на Кратово

Приведен косовски државјанин, превезувал брендирана стока без документација