Утрински Весник
Спорт

Перез: Да го вратиме Роналдо? Тој има 38 години

Кристијано Роналдо не сака, но како што стојат работите ќе остане и оваа сезона во Манчестер јунајтед.

dobivaj vesti na viber

Португалецот, на почетокот на преодниот рок побара трансфер, сака да игра во клуб каде што ќе може да се бори за трофеи. Чувствува дека Јунајтед нема да може да му го понуди тоа.

Од оваа перспектива тој речиси и да нема опција за трансфер во друг клуб.

Португалскиот ас наводно им бил понуден на многу европски фудбалски гиганти, бил одбиен од ПСЖ, не го сакаа во Баерн и Челзи, Атлетико ја отфрли можноста да го доведе, а нема да се врати ниту во Реал Мадрид.

Ова е заклучокот на медиумите кои ја пренесуваат изјавата на претседателот на тој клуб, Флорентино Перез, кој е снимен како одговара на прашањето на навивачите за можното враќање на Португалецот.

„Да го донесеме Роналдо? Повторно? Па, тој има 38 години“, рекол Перез.

Можете да прочитате

Околу 150.000 луѓе ќе го пречекаат олимпискиот факел во Марсеј

Рубљoв: Секогаш е убаво да се тренира со Надал, но морам да признаам дека не можев да му парирам

Во Леверкузен сакаат Чаби Алонсо да добие своја улица