Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Секој да биде свесен за улогата во ширењето на вирусот или во намалувањето на бројот на болни

Пендаровски: Секој да биде свесен за улогата во ширењето на вирусот или во намалувањето на бројот на болни

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил во врска со ситуацијата со коронавирусот, напиша дека се додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност.

– Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Повика на одговорност со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас. нд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Малолетници од Тетово запалиле македонско знаме, еден од нив го признал делото

Ревизорите со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Утрово голема акција на повеќе од 20 локации: Под истрага мрежа за шверц на цигари