Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Победата над фашизмот е и победа за Европа

Претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа ја упати следната порака:

„Денес гледаме дека победата на слободата, човековите права, демократијата и еднаквоста е загрозена во моментот кога поверувавме дека е целосно извојувана. Токму денес, во екот на новите крвопролевања, треба повеќе од кога било да се потсетиме на поуките од минатото, а 9 мај е еден од оние датуми – темелници на вистинските цивилизациски вредности.

Денот на победата над фашизмот е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата.

Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа.

Победата над фашизмот е и победа за Европа.“

Можете да прочитате

Осуммина уапсени за милионски криминал со операции на очи: Оштетени до 4.000 пациенти, ФЗО за 1,7 милиони евра

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции