Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Советот за безбедност на денешниот состанок донесе нова одлука со која на предлог на Владата се прогласува вонредна состојба за уште 30 дена за справување со пандемијата на Ковид-19.
Претсеталот на државата Стево Пендаровски во изјавата по седницата истакна дека согласно Извештајот добиен од Владата за мерките и активниостите во изминатите 30 дена и предлог за нови 30 дена вонредна состојба од кој вели, јасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба.
Одлуката рече, ја носи согласно неговите уставни надлежности и ги обраложи и правните дилеми кои произлегуваат од тоа.
-Јасно е дека уставотоверецот нема предвидено ваква ситуација Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредна ситуација. Во ситуција кога пратениците земаат плата и кога ниту еден од нив нема побарано апанажа која следува по завршување на мандатот што значи дека тие се со се уште валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за оваа одлука само затоа што имамме ситуација без преседан кога е далеку поважно да ги сочуваме здравјето и животите на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања, рече Пендаровски..
Постојната вонредна состојба, додаде, завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ.
-Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата. Но, ова решение не ја намалува одгооввроста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање затоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.
На состанокот заклучено било дека сите расположливи ресурси на државата се насочени кон справување со пандемијата предизвикана со Ковид 19. дека надлежните служби работат посветено и вложуваат максимални напори. Пендаровски упати и благодарност до здравствениот кадар полицијата, армијата кои се мобилизирани деноноќно во сите критични региони имаат одлична соработка на терен, а ефективно се спроведуваат и насоките и препораките од СЗО.
Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80 часа, практично целосна забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.
– Ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа. Не само мене, но и на огромниот број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок, рече Пендаровски, посочувајчи оти се повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивна и може ќе ги реши проблемите во здравството но ќе предизвика проблеми во некои други области.
Ваков ист став Пендаровски има и за затворањето на стопанските субјекти и ја охрабри Владата по празникот да го дефинира планот за фазно постепено враќање на економската активност во нормала.
– Јасно е дека не само ние, туку целиот свет ќе мора да научи да живее со вирусот подолг временски период, а во меѓувреме ќе мора да изнајдеме моделатите животот со сите неопходни рестрикции и превентивни мерки да родолжи да функционира, рече Пендаровски, додавајќи дека Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе заседава кога за тоа ќе се јави потреба.
Присутни на седницата биле претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министрите за надворешни работи и внатрешни работи Наќе Чулев и Никола Димитров, и професорите Ветон Латифи и Ненад Марковик. Не присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Претседателот Пендаровски појасни, а претходно и од Владата потврдија, дека по информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.
Првата одлука за вонредна состојба претсеателот Пендаровски ја донесе на 18 март. вг/скс/
ВО ЖИВО | Прес-конференција по петтата седница на #СоветотЗаБезбедност
ВО ЖИВО | Прес-конференција по петтата седница на #СоветотЗаБезбедност
Posted by Stevo Pendarovski on Четврток, 16 април 2020