Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до 16-ти месецов учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Тој присуствувал на отворањето на конференцијата, на кое се обратил претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и претседавачот на конференцијата, амбасадорот Волфганг Ишингер.

– Предвидено е претседателот Пендаровски попладне да говори на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Оттаму информираат дека Пендаровски во недела ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција и додаваат оти е предвидено за време на учеството на конференцијата да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

– Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн., се наведува во соопштението. мс/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

153 санкционирани возачи во Скопје 

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така ќе растат пензиите