Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Бегството на Мијалков е неприфатливо, институциите да спроведат истрага

Пендаровски: Бегството на Мијалков е неприфатливо, институциите да спроведат истрага

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор.

„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, потенцира претседателот Пендаровски.

Тој очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

„Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет“, порачува претседателот Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома